Србинот Покушевски со бизарен потег до солзи ги насмеа коментаторите (ВИДЕО)

Српските кошаркари одлично се забавуваа на збогувањето од регуларниот дел од сезоната во НБА. Додека Никола Јокиќ пцуеше на српски, а Бобан Марјановиќ ги развеселуваше навивачите со промашени „пенали“, нивниот сонародник Алексеј Покушевски со бизарен потег до солзи ги расплака коментаторите во преносот.

Потенцијалниот репрезентативец на Србија одигра дваесетина минути во победата на Шарлот против Кливленд (120-110) и за тоа време забележа осум поени, пет скока и три асистенции, но и три загубени топки. Посебно смешна беше ситуацијата на крајот од првата четвртина кога Покушевски целосно ја загуби концентрацијата па мислеше дека судијата му е соиграч, па му ја фрли топката.

Делителот на правдата му ја фрли топката на Покушевски, а потоа српскиот кошаркар требаше да внесе во игра, но не погледна на кого додава и само му ја врати на судијата. Секако, тоа не беше легално, па Шарлот ја загуби топката и Кливленд доби нов напад.