
Србинот командува и на тајмаут: На Денвер не му ни треба тренер кога го има Јокиќ (ВИДЕО)
Победата доаѓа по смената на тренерот Мајк Мелоун, по што тимот доби нова енергија и препознатлив стил на игра. Најзаслужен за пресвртот и триумфот беше Никола Јокиќ, кој повторно покажа зошто е лидер на овој тим – не само на теренот, туку и надвор од него. Среде натпреварот, во момент кога Денвер губеше со седум поени разлика, Јокиќ презеде иницијатива, ги собра соиграчите и жестоко ги мотивираше, преземајќи улога на вистински тренер.
Ова не е првпат српскиот ас да ја преземе оваа улога – во претходни натпревари американските медиуми забележаа како за време на тајм-аутови сам ги црта акциите за екипата. Но овојпат отиде чекор понатаму и директно ја презеде мотивациската функција на теренот.
На крајот, Јокиќ и како играч и како лидер беше клучниот фактор за победата – доказ дека не греши ниту кога се работи за играта, ниту кога станува збор за водство.