Спортски предмети на Коби продадени на аукција за повеќе од 200.000 долари

На аукцијата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, кој во јануари го загуби животот во хеликоптерска несреќа, беа собрани повеќе од 200.000 долари.

Кошаркарскиот комплет, кој Брајант го носеше за време на финалето на плејофот во НБА-лигата во 2000 година беше продаден за 43.750 долари, додека облеката од финалето истата година беа продадени за 25.600 долари.

На аукцијата исто така беа понудени и дресови од Лос Анџелес Лејкерс, црна летна во спомен на Вилт Чембрлен, маички, патики и многу други предмети.