Словенецот како Матрикс: Дончиќ едвај куртули од судар со – роботска камера (ВИДЕО)

Словенечкото „чудо од дете“ одигра маестрално во ноќешниот подготвителен натпревар во Орландо во кој неговиот Далас маверикс ја совлада Филаделфија севентисиксерс (118-115), меч кој можеше да го запамети не по постигнатите 23 поени туку по судир со една од роботизираните камери крај теренот.

Во момент кога сакаше да ја спаси топката да не излезе од теренот, тој застана и дури во последен момент успеа да забележи дека директно во него се движи камерата и тоа во полна брзина. Словенецот изреагира во стилот на Матрикс и го избегна судирот, а потоа на својот профил го објави видеото од овој настан со извадок од култниот филм во кој главната улога ја игра Кијано Ривс.