Скандал во НБА: Кошаркар бесен по исклучување на судиите им покажа – среден прст (ВИДЕО)
Инцидентот се случи во втората четвртина, кога за време на еден напад на Сакраменто, му беше досуден прекршок во одбрана, по што доби техничка грешка за протестирање. Само неколку секунди подоцна, Колинс доби втора техничка грешка и автоматски беше исфрлен од натпреварот. Наместо да се повлече мирно, тој направи крајно неспортски потег – додека одеше кон клупата бесно им покажа среден прст на судиите. Ова однесување го осудија и членовите на стручниот штаб на Спарс, кои го смирија и го одвратија од понатамошни провокации.
Колинс, кој оваа сезона бележи просечно 6,2 поени и 3,4 скока по натпревар, беше десеттиот пик на драфтот во 2017 година. Пред да се приклучи на Спарс во сезоната 2021/22, играше три години за Портланд Трејл Блејзерс. НБА сега ќе ја разгледа ситуацијата и ќе одлучи за натамошните чекори, кои би можеле да вклучуваат финансиска казна и суспензија.