Скандал во Америка: Таткото на Зајон Вилијамсон земал огромно мито

Американската колеџ кошарка не може да мине без скандал. Сите сметаа дека на почетокот на 21 век заврши подмитувањето на кошаркари, но нов проблем се појави на површина.

НЦАА-кошарката е почитувана во САД и покрај сите валкани игри кои очигледно не ги кријат толку вешто. Младите кошаркари покажуваат одлични квалитети, па дел од нив добиваат мито за да заминат во друга екипа.

Ли Андерсон, таткото на Зајон Вилијамсон, според американските медиуми примил мито во висина од 400.000 долари од страна на маркетинг-агент од Канада, Славко Ѓуриќ.

Постојат одредени информации дека тоа било направено во вид на „благодарност“ од страна на универзитетот преку трета страна, но тоа нема да спречи дополнителна истрага.