
Сите рекорди кои ги урна Јокиќ во првиот меч од финалето во НБА!
Во НБА се води статистика за сè и сешто, но малку се хероите кои успеваат да влезат во тие категории, а Јокиќ во синоќешната победа над Мајами влезе во неколку престижни друштва.
- Стана вториот играч, по Леброн Џејмс во последниве 25 години, кој на полувреме на еден финален натпревар имал 10+ поени и 10+ асистенции
- Стана осмиот кошаркар во историјата, кој направил трипл-дабл на почетокот на едно големо финале, но никој меѓу нив не го направил тоа со 27 поени.
- Тој е само вториот кошаркар кој е дебитант во едно финале, а направил трипл-дабл уште во првиот меч. Првиот беше Џејсон Кид против ЛА Лејкерс во 2002 година.
- Јокиќ направи 14 асистенции, што е убедливо најмногу асистенции за еден центар во историјата на НБА финалињата.
- Досега само двајца кошаркари откако постои НБА-лигата во текот на еден плејоф имале 450+ поени, 200+ скока и 150+ асистенции. Тоа се Лери Бирд и Леброн Џејмс. Третиот е Никола Јокиќ.
За Јокиќ ова е деветти трипл-дабл во плејофот оваа сезона, а има вкупно 15 во кариерата. Ако го одржи ова темпо, теоретски, уште следната сезона може да ги загрози Леброн Џејмс со 28 и Меџик Џонсон со 30, кои водат на листата со најмногу трипл-дабл остварувања во плејоф.