Шекил по повеќе од 20 години ја откри вистината за заминувањето од Лејкерс
Иако долго време се веруваше дека пресудни биле несогласувањата со Коби Брајант, Шекил тврди дека заминувањето било поради финансиска причина.
„Луѓето мислат дека заминав затоа што се каравме. Не, заминав затоа што сакаа да му платат повеќе на помладиот играч отколку мене. А јас не се согласував со тоа. Друг клуб беше подготвен да ми плати колку што вредам и јас решив да го напуштам Лејкерс“, открива Шекил.