Шампионот Денвер како второпласиран ќе ја брани титулата, во првата рунда против Леброн!?

Иако победи во последниот меч од сезоната, Денвер не успеа да го освои првото место во Западната конференција и заврши зад Оклахома.

Тоа значи дека уште не го знае својот противник во првата рунда од плејофот и ќе мора да ја сочека разврската во плејинот. Теоретски е можно на стартот да игра против Лејкерс на Леброн Џејмс, но за да се случи тоа, тимот од Калифорнија ќе мора да го победи Њу Орлеанс во првиот дел од плејинот.

Во плејинот на Западот ќе учествуваат уште Сакраменто и Голден Стејт, а во оваа фаза се познати две двојки за првата рунда од плејофот: Минесота ќе се сретне со Феникс, а Лос Анџелес Клиперс со Далас.