Сабонис го помина Јокиќ и изби на првото место во НБА

Првпат од почетокот на оваа сезона, Никола Јокиќ не е лидер по бројот на трипл-дабл натпревари во НБА лигата.

До пред некое време тој беше убедлив лидер во оваа статистичка категорија, но од утринава на првото место е кошаркарот на Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис. Во меѓусебниот дуел, Литванецот постигна 17 поени, 17 скока и 10 асистенции за својот 16. трипл-дабл сезонава со што го помина Јокиќ и сега е осамен на првото место.

За Сабонис, ова е 48. трипл-дабл во кариерата од кои 30 има во дресот на Сакраменто Кингс. Тој игра фантастична сезона и е најдобар во неколку категории, но не доби повик за Ол-стар натпреварот, а и никој не го смета за сериозен кандидат за признанието за МВП на сезоната.

Зад Сабонис и Јокиќ, на листата на играчи со трипл-дабл натпревари оваа сезона се Лука Дончиќ со 9, Јанис Адетокумпо со 7 и Леброн Џејмс со 3.