Руди Гобер по трет пат е прогласен за најдобар дефанзивец во НБА

Кошаркарот на Јута, Руди Гобер ја доби наградата за најдобар одбранбен играч сезонава во НБА-лигата. 

Французинот стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА-лигата, кој се закитил со ова признание три пати. Во изборот тој ги победи Бен Симонс од Филаделфија и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.

Покрај Гобер, барем три награди „дефанзивец на годината“ имаат и Двајт Хауард, Бен Волис и Дикембе Мутомбо со тоа што последните двајца се измранети на врвот со по четири вакви признанија.

Центарот на Џез во регуларниот дел од сезоната има просек од 14,3 поени, 13,5 поени и 2,7 блокади по натпревар.