Риверс не ги „преживеа“ Денвер и Јокиќ!

Американските медиуми пишуваат дека Док Риверс повеќе не е тренер на Лос Анџелес клиперс, зашто решил да поднесе оставка по неуспехот против Денвер нагетс.

Риверс беше разочаран по поразот во плејофот, откако прокоцка предност од 3-1 против тимот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

„Му благодарам на Клиперс кој ми дозволи да им бидам тренер и голема благодарност за поддршката. Кога ја преземав екипата имав за цел да направам победнички состав. Успеав да ги исполнам своите идеи, но разочаран сум поради тоа што се случи во плејофот. Им благодарам на кошаркарите и останатите персонал кои беа дел од тимот“, кажал Риверс.

Според најдобро информираниот новинар во НБА, Војнаровски, негов наследник ќе биде легендарниот Фил Џексон.