Разочарување во САД: Само еден Американец меѓу петмината најдобри во НБА!

Телевизискиот канал „ЕСПН“ ја изготви листата најдобри кошаркари во НБА, која ги откри сите слабости на американскиот баскет, откако меѓу петте најдобри во најсилната лига на светот се најде само еден Американец.

Додека со децении наназад домашните кошаркари беа предводници во НБА, годинава единствен кој ја брани честа на САД е Стеф Кари и тоа како петти на листата, додека пред него се Јани Адетокумпо (Грција), Никола Јокиќ (Србија), Џоел Ембид (Камерун-Франција) и Лука Дончиќ (Словенија).

Американците, пак, доминираа на преостанатите места во најдобрата десеторка и тоа со Леброн Џејмс, Џејсон Татум, Кевин Дурант, Џа Морант и Девин Букер. Новата НБА сезона започнува на 18 октомври.