Првпат во историјата: Од македонската лига до договор со екипа од НБА!

Американскиот кошаркар Хасани Гравет денеска го засили Орландо Меџик, откако минатата сезона играше за МЗТ Скопје и ова е првпат во историјата некој кошаркар од македонската лига да заврши директно во НБА.

Екипата на Орландо преку социјалните медиуми објави дека се засилила со три нови кошаркари, меѓу кои е Гравет, а таму се уште и Џеф Даутин и Џон Теск.

Гравет беше додаден во тимот за подготовките за новата сезона, па останува да видиме дали ќе се избори за минутажа во екипата која следната сезона ќе се бори на терените на најсилната кошаркарска лига во светот.

Американецот ќе го носи бројот 12 во Орландо, а претходно настапуваше за Лејкленд за кој одигра 42 натпревари.