
Првиот пик на драфтот дебитираше во НБА – го скрши обрачот со промашувања (ВИДЕО)
„Телињата“ од Тексас излегоа како победници (87-85) во средбата со возбудлив финиш во Лас Вегас, за која сите билети беа распродадени, иако цените на некои места достигнуваа и до 3.000 долари. Флаг постигна 10 поени, со шест скокови, четири асистенции, три украдени топки и една блокада, а се истакна со моќно забивање во контранапад и со асистенција за победничкиот поен. Сепак, шутерски не беше на ниво – погоди само пет удари од 21 обид, без ниту една успешна тројка од пет упатени шута.
„Тренерите имаат голема доверба во мене. Ми кажаа да експериментирам, да пробувам нови работи, да шутирам повеќе. Се обидував да бидам агресивен. Искрено, ова можеби беше една од најлошите мои партии, но победивме – а тоа ми е најважно“, изјави Флаг по натпреварот.
По контроверзната размена со која Лука Дончиќ премина во Лејкерс, Далас беше миленик на среќата и го доби прв избор на драфтот, а веднаш беше јасно дека ќе се одлучат за 206-сантиметри високиот талент од Дјук. Тренерот Џејсон Кид, кој го следеше натпреварот од трибините, планира да го користи Флаг како плејмејкер и во регуларната сезона.
ФОТО: X / @dallasmavs