Пред две децении беше најдобар забивач во НБА, а сега се бори за – живот (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на Феникс санс и најдобар забивач на олстар-викендот во 1993 година, Седрик Себалос, деновиве ги минува во борба за својот живот, откако десетина дена е на кислородна поддршка во болница борејќи се со коронавирусот.

Тој се огласи од болничката постела преку социјалните мрежи, барајќи од роднините и пријателите да се молат за него.

„Веќе десет дена сум на интензивна нега во болница, каде што полека го губам мечот против проклетиот Ковид-19. Барам од семејството, пријателите и лекарите да се молат за моето опоравување. Ако некого во животот сум навредил, сега барам прошка од вас и ви се извинувам. Мојата борба не е готова“, напиша Себалос.

Тој беше дел од легендарната финална плејоф-серија во 1993 година помеѓу Феникс и Чикаго булс, која се памети по дуелите на Мајкл Џордан и Чарлс Баркли и која заврши со триумф на „биковите“ и трета НБА-титула во низа. Себалос меѓу другото играше и за ЛА Лејкерс.