Познати паровите на Истокот: Атланта ќе игра со Чикаго, а Мајами ќе се соочи со Филаделфија

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од регуларниот дел во Источната конференција во НБА-лигата, по што беа познати сите учесници во плеј-инфот, но и плејофот на елитното кошаркарско натпреварување.

Филаделфија ќе се соочи против Мајами, додека Чикаго ќе игра со Атланта во плеј-инот на Истокот, по што победниците продолжуваат во плејофот.