Поранешната НБА ѕвезда искрено за депресијата: Се однесував како кретен!
Во искрен разговор со американскиот новинар Пабло Торe, Батиер призна дека по пензионирањето паднал во психолошка криза која длабоко го погодила.
„Многу бев повреден кога се пензионирав. Бев тажен, знаев дека е крај. Се чувствував посрамено и се повлеков од сите. Се изолирав. Веројатно се борев со депресија, но тогаш не знаев што е тоа. Никогаш претходно не сум го чувствувал тоа. Се чувствував изолирано, како никој да не ме разбира,“ изјави Батиер.
Тој признава дека последиците од таа состојба се почувствувале и во односите со најблиските.
„Се чувствував многу осамено и ги туркав луѓето од себе. Не пиев секоја вечер, но бев емоционално недостапен. Бев повреден и лут. Чувствував емоции кои никогаш не сум ги поврзувал со кошарката,“ продолжи тој.
За среќа, неколку години подоцна, Батиер успеал да се избори и повторно да биде среќен како кога играл кошарка.
„Животот ми беше претворен во пекол, но успеав да излезам од тоа. Повторно се вратив во нормален ритам и ги нормализирав односите со семејството,“ завршува Батиер, кој денес често зборува за менталното здравје на спортистите и важноста од поддршка во најтешките моменти.
ФОТО: EPA