Поранешна НБА ѕвезда ги излуде навивачите: Им ги покажуваше гениталиите, па си доби по главата (ВИДЕО)

Пред една деценија Демаркус Казнс беше еден од најдобрите центри во НБА, но по тешката повреда што ја доживеа додека играше во Њу Орлеанс, неговата кариера тргна во надолна линиија.

Извесен период помина како играч во 3х3, а сега, некогашниот петти пик на драфтот игра во Порторико каде ноќеска предизвика невиден хаос. И порано, додека играше во НБА, знаеше да влезе во расправија со навивачите, но ова ги премина сите граници.

По еден вербален дуел со гледач во првиот ред, Казнс им ги покажуваше гениталиите на присутните, доведувајќи ја атмосферата на ниво на лудило и судиите немаа друг избор, освен да го избркаат од игра. При напуштањето на теренот, искусниот центар продолжи со провокациите и гестикулациите, па од трибините си доби неколку предмети во глава и беше полиен со пијалоци.

Тоа дополнително го изнервира и тргна да се пресметува со нив поради што мораше да интервенира обезбедувањето, дури и полицијата.