Поради него се прекина НБА во март, а на рестартот – ги даде првите корона-поени (ВИДЕО)

После скоро пет месеци пауза синоќа конечно се врати НБА, а ако Ла Лејкерс со дуото Дејвис-Џејмс беше во фокусот, сепак шоуто на рестартот го украде Руди Гобер од Јута џез.

Не дека Гобер имаше неверојатен настап за анали, 14 поени, 12 скока и три блокади, туку тој е кошаркарот со кого заврши нормалната НБА и сега започна корона-сезоната.

Гобер беше играчот кој прв се зарази од коронавирус во најсилната кошаркарска лига, а откако се појави заразата некаде на почетокот на март, јасно беше дека кошарка нема да има.

Скоро пет месеци потоа, Гобер повторно се запиша во историјата. Како прв стрелец на поени во корона-ерата на НБА, а уште на крајот беше и клучен за победата, па блокадата над новото НБА-чудо Зион Вилјамсон.