Пол ја „ограби“ Филаделфија, па почна да „снима“ секси сцени со старлета од Србија (ФОТО)

Кошаркарот на Филаделфија севентисиксерс, Пол Џорџ, максимално го користи одморот за време на олстар-викендот, барем така изгледа според провокативните фотографии што неговата сопруга, Даниела Рајиќ, ги сподели на Инстаграм.

Џорџ имаше „тежок настап“ во последниот натпревар пред паузата, постигнувајќи само два поени во поразот од Бруклин Нетс со 100-96. Сепак, 34-годишниот кошаркар, кој има четиригодишен договор вреден 212 милиони долари, не изгледа премногу загрижен за својата слаба партија. Неговата сопруга објави фотографии од нивниот заеднички одмор на плажа, вклучувајќи и слика каде Џорџ ужива со чаша шампањ, додека таа позира во провокативна облека.

И додека навивачите на Филаделфија Иглс славеа победа на Супербоул, кошаркарските фанови не беа воодушевени од однесувањето на Џорџ.

„Џорџ е буквално на одмор за време на олстар-викендот. Џими Батлер досега ќе ги имаше собрано играчите како војници и ќе ги фокусираше на сезоната“, напиша еден навивач.

Друг, разочаран фан, додаде: „Пол Џорџ не може да биде сериозен. Овој човек треба да го исфрлат од тимот, ми е преку глава од ова срамотење“.

Еден корисник на Твитер исто така коментираше: „Пол Џорџ даде само два поени пред олстар-паузата, а сега е на одмор. Филаделфија буквално му даде 211 милиони долари за ова“.