Почина поранешниот НБА кошаркар Клиф Робинсон

Поранешниот кошаркар на Портланд трејлблејзерс Клиф Робинсон почина на 53-годишна возраст.

Засега не се објавени причините за смртта на Робинсон, кој мина речиси две децении во најсилната кошаркарска лига. Во 1989 година беше драфтуван од Портланд, каде што играше цели осум сезони. За овој период во 1993 година беше прогласен за најдобар шести играч во лигата, а следната година го запиша и единствениот настап на Ол-старот.

Во својата богата кариера играше и за Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси. 

Робинсон во последните години имаше доста здравствени проблеми. Во март 2017 година доживеа мозочен удар, што ја парализираше левата страна од неговото тело. Следната година му беше изваден тумор од вилицита.