Почина поранешен НБА-шампион и прв тренер на Леброн Џејмс

Тажни вести ни доаѓаат од САД откако легендарниот Пол Сајлас почина на 79-годишна возраст. Поранешниот кошаркар успеа да ја освои НБА-лигата дури трипати, а познат е и како прв тренер на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Сајлас најголем дел од кариерата помина во Сент Луис, односно Атланта хокс, по што играше за Финикс санс, Бостон селтикс, Денвер нагетс и Сиетл суперсоникс.

Легендарниот кошаркар заедно со Бостон освои два шампионски прстени, додека еднаш триумфираше со екипата на Сиетл.

За време на тренерската кариера го тренираше Сан Диего клиперс од 1980 до 1983 година, а потоа беше помошник во струшните штабови на Њујорк никс, Феникс санс, Шарлот хорнетс и други тимови.