По четири години, Јакимовски го смени универзитетот, ама и натаму ќе игра во НЦАА

Mакедонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски се очекува да остане во НЦАА-лигата уште една сезона, но повеќе нема да го носи дресот на Универзитетот Вашингтон Стејт, туку ќе игра за Универзитетот Колорадо Болдер.

Јакимовски играше четири сезони во Вашингтон стејт, каде што имаше солидни резултати. Иако го смени универзитетот, сепак македонскиот кошаркар ќе се обиде да се избори за влез во НБА преку драфтот.

Иницијатор на трансферот на Јакимовски е тренерот на Бафало, Тед Бојл кој четири години ги следел настапите на македонскиот репрезентативец.

Колорадо Бафало оваа сезона стигна до 1/16-финалето на НЦАА-лигата каде загуби од Маркет со 77-81.

Еден од најпознатите играчи кои излегле од овој универзитет е поранешниот НБА-шампион Чонси Билапс, а покрај него дресот го носеле и Спенсер Динвиди, Дерик Вајт, Џабари Вокер, Кори Хигинс, како и бившиот кошаркар на МЗТ Скопје, Џош Скот.