Патики на Мајкл Џордан од дебитантската сезона продадени за милиони (ФОТО)

„Џорданките“ моментално се најпопуларни патики во светот, а „Најк“ инкасира милијарди долари од нивната продажба секоја година. Првите патики од овој бренд што легендарниот Мајкл Џордан ги носел во својата дебитантска сезона вчера беа продадени на аукција за 1,47 милиони долари. 

Се работи за патиките што Џордан ги носел на својот петти натпревар во НБА-лигата во 1984 година. На аукцијата одржана во Лас Вегас, САД во „Сотби“, „џорданките“ ги купил извесен Ник Фиорела, кој е познат колекционер на ретки спортски предмети.

Патиките на „Најк“ со логото на Мајкл Џордан до ден денеска се најпопуларни низ светот. Бидејќи често се распродаваат во продавниците за спортска опрема, тие подоцна се препродаваат на интернет за илјадници долари.