Официјално: Џеј Ар Смит го засили Лејкерс

Слободниот агент Џеј Ар Смит денеска потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс до крајот на сезоната, а таа информација ја потврди екипата на официјалната веб-страна.

Смит и Лејкерс преговараа веќе некое време, по што кошаркарот кој е слободен уште од ноември 2018 година реши да се пресели во Лос Анџелес, каде што ќе се обиде да му помогне на поранешниот соиграч Леброн Џејмс и останатите да ја освојат титулата во НБА-лигата.

Смит досега одигра 15 НБА-сезони, откако беше избран на драфтот во 2004 година од Њу Орлеанс, а исто така ги носеше дресовите и на Денвер, Њујорк и Кливленд.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

OFFICIAL: Welcome to the squad, @teamswish!

A post shared by Los Angeles Lakers (@lakers) on