Нов трипл-дабл на Дончиќ: Словенецот одигра полувреме за паметење, па – застана

Словенечката ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ запиша нов трипл-дабл, но ефектот не донесе многу за Далас Маверикс откако вечерва загубија од Чикаго Булс со 117-11 во мечот од најсилната кошаркарска лига.

Иако Дончиќ имаше полувреме од соништата, па даде 30 поени за 20 минути игра во првите две четвртини, па сите очекуваа кошгетерски рекорден меч на Словенецот, но тој застана во вториот дел и погоди само шест поени во следните 24 минути од мечот и не стигна да го подобри својот најдобар учинок од 42 поени на 30 ноември 2019 година.

Дончиќ застана на 36 поени, додаде фантастични 16 поени и 15 скока, Порзингис даде 20 поени, а само уште двајца од Далас имаа двоцифрен ефект, Џонсон и Каули Стејн со по десет. Далас мечот го загуби уште во првиот дел, кога Словенецот беше фантастичен, па даде повеќе од половината кошеви на својот тим (52), кога веќе Маверикс имаа минус 15 на паузата (52-67) и Чикаго потоа до крајот успеа да ја одржи разликата и високо да триумфира.

Марканен постигна 29 поени со 10 скока и беше предводник во триумфот на „биковите“, а темпл додаде 21 поен, но уште четворица имаа двоцифрен ефект, а Зак Лавин дојде до дабл-дабл со десет поени и десет асистенции.