Дончиќ го мина Џордан, Дејвис одигра ѕверски за Лејкерс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ испиша нова историја во НБА-лигата и покрај фактот што неговиот Далас утринава загуби на домашен паркет од Сакраменто со 106-110.

Младиот Словенец постигна 27 поени, седум скока и осум асистенции, а тоа за него беше 19 натпревар по ред со постигнати +20 поени, +5 скока и +5 асистенции со што го мина легендарниот Мајкл Џордан. Ова е најдолга ваква низа во НБА-лигата уште од 1976 година. Немања Бјелица одигра натпревар на кариерата и го водеше сакраменто до победа со 30 постигнати поени.

Лос Анџелес лејкерс остануваат најдобриот тим во лигата, откако утринава ја совладаа Минесота со 142-125 на домашен паркет. Тоа беше 21 победа за Лејкерс сезонава и остануваат на само три порази. Ентони Дејвис одигра неверојатен натпревар и постигна 50 поени, но тука беше и Леброн Џејмс со 32 поени и 13 асистенции. 

На останатите натпревари
Бруклин - Денвер 105-102
Шарлот - Атланта 107-122
Мајами - Чикаго 110-105 (ПП)
Филаделфија - Торонто 110-104
Вашингтон - ЛА Клиперс 119-135
Портланд - Оклахома 96-108