
Нов инцидент во НБА: Го удри противникот меѓу нозе и веднаш беше – избркан (ВИДЕО)
Кошаркарот на „жешките“ при еден продор со тупаница го удри Кевин Лав во меѓуножјето, кој поради силината веднаш падна на паркетот со болна гримаса на лицето.
Во прв момент не изгледаше дека Бејн имаше намера дуелот да заврши со ваков удар, но судиите по прегледување на снимката утврдија дека, сепак, инцидентот не бил случаен по што предвреме го испратија во соблекувалната.