Њујорк го среди Клиперс за да остане во борба за плејоф на Истокот (ВИДЕО)

Њујорк ја прекина серијата од три порази по ред во НБА-лигата, откако вечерва триумфираше против Лос Анџелес клиперс со 110-102, а повторно одличен беше младиот кошаркар Бaрет кој постигна 28 поени, 13 скокови и шест асистенции.

Екипата на Њујорк постојано го имаше водството на својата страна, а најблиску што се приближи Клиперс беше во завршницата на втората четвртина, кога стигна до само еден поен негатива (58-59).

Ова беше 25 пораз за Клиперс во Западната конференција, додека Њујорк се врати во трката за плејоф на Истокот.