Ништо од авантурата во Европа: Расел Вестбрук се пензионира (ВИДЕО)
Вестбрук последната сезона ја одигра во Сакраменто кингс, каде што во просек постигнуваше по 15,2 поени, 5,4 скокови и 6,7 асистенции, по што се поврзуваше со преселба во Европа, но очигледно такво нешто нема да се случи.
Американскиот кошаркар во кариерата претходно играше за Оклахома сити тандер, Хјустон рокетс, Вашингтон визардс, Лос Анџелес лејкерс, Лос Анџелес клиперс и Денвер нагетс.
Вестбрук имаше неколку посебно неверојатни сезони во НБА-лигата, и тоа од 2016 до 2021 година, кога четири сезони по ред завршуваше со просек од трипл-дабл, нешто што не му успеало на никого претходно.
Американецот ја завршува кариерата и како рекордер со 209 трипл-дабл во регуларна сезона, додека во кариерата постигна 27.176 поени, 9.025 скокови, 10.351 асистенција во 1.301 натпревар во основниот дел од сезоната.