Невидена брука: На Вејд му направија статуа - ни самиот не можеше да се препознае (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар на Мајами Хит, Двејн Вејд синоќа доби статуа пред арената на франшизата од Флорида, но не беше многу задоволен од изведбата.

На неа, тој е прикажан во поза „Ова е мој дом“, карактеристична за него додека играше во Мајами. Вејд истакна дека бил вклучен во изработката на статуата, но кога ја виде на отворањето, беше тотално разочаран од изведбата.

„Ау, ова е лудило. Не можам да верувам. Кој е овој лик?“, рече Вејд.

Вакви пропусти се чести низ светот, сличен беше случајот со Кристијано Роналдо кога му направија статуа во неговиот роден град Мадеира со лик кој воопшто не потсетува на него.