Неверојатно: Твитерџија уште во 2012 година предвидел дека Коби ќе загине во хеликоптерска несреќа! (ФОТО)

Американски твитерџија со прекар Носо во моментов е најспоменуваниот на оваа социјална мрежа, а причина за тоа е негов твит од ноември 2012 година во кој напишал дека Коби Брајант ќе загине во хеликоптерска несреќа.

Нешто повеќе од седум години подоцна, неговото предвидување или во тој момент шегување стана вистина, откако американската кошаркарска легенда денеска на идентичен начин опишан во твитот го загуби својот живот на 41-годишна возраст во близина на Лос Анџелес.

Во моментов неговата објава од 2012 година е споделена речиси 100.000 пати, а има двојно повеќе „лајкови“ и коментари, во кои многумина бараат од него вакво предвидување за други познати личности кои не им се допаѓаат.