Нема крај на проблемите: Мајами по трет пат го суспендира Батлер!
Батлер сака да си замине од Мајами, додека клубот не сака да го пушти, па поради тоа реши да го казни за секој прекршок.
Американскиот кошаркар прво пропушти седум, а потоа два меча поради суспензија, додека третата е на неопределен период.
Кошаркарот е казнет поради неговото однесување на тренинг, откако го напуштил истиот бидејќи му било соопштено дека нема повеќе да биде во стартниот состав.