НБА-кошаркар се налути зашто му кажале дека е - дебел!?

Зајон Вилијамсон потпиша нов договор со Њу Орлеанс пеликанс и може да добие 231 милион долари, но има еден услов, а тоа е да не надмина 134 кг или ќе загуби дел од парите.

„Атлетик“ објави дека ѕвездата на Њу Орлеанс е лута затоа што навивачите му кажале дека е дебел, а тоа создавало впечаток дека Вилијамсон не тренира и не сака да напредува.

Поради проблемите со стапалото и операцијата, кошаркарот мораше да паузира минатата сезона, а претходно во просек постигнуваше по 27 поени, 7,2 скокови и 3,7 асистенции.