
НБА ја одреди казната за Џа Морант
НБА му изрече блага казна на Морант ако се земе во предвид дека можеше да биде суспендиран и со 50 натпревари. Сепак суспензијата е само осум откако разговарал со комесарот Силвер и останатите водечки луѓе во лигата на кој им кажал дека ја сфатил грешката, се извинил и ветил дека нема да му се повтори.
Тој веќе доби казна од Мемфис, беше испратен и на советување и разговор со психолози.
Суспензијата на Морант е добра вест за Мемфис бидејќи сега знаат дека со сигурност ќе го имаат за натпреварите од плејофот.