Најголемата НБА ѕвезда го откажа своето учество на Мундобаскетот во Кина (ФОТО)

Репрезентацијата на САД остана без својата најголема кошаркарска ѕвезда за Светското првенство, откако Џејмс Харден одлучи да не настапи на Мундијалот во Кина.

Плејмејкерот на Хјустон беше на списокот на кошаркари кој го објави Грег Попович, но Харден одлучи да му се заблагодари на селекторот и да се откаже.

Како причина се наведува дека тој посакува што подобро да се подготви за наредната натпреварувачка сезона во НБА лигата.

Пред Харден, своето учество го откажа и Ентони Дејвис, кој ова лето одлучи да се пресели во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.