„Метла“ за Денвер: Јокиќ исклучен за брутален прекршок (ВИДЕО)

Феникс откако во првото коло во плејофот прво го елиминираше актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс со 4-2, во полуфиналето го збриша Денвер со максимални 4-0. 

Санс утринава како гости славеа со 125-118 и обезбедија пласмна во финалето на западната конференција. Крис Пол повторно одигра маестрално со 37 поени, додека Девин Букер реализираше 34 поени и 11 скока.

Вил Бартон беше најдобар кај Нагетс со 25 поени, додека актуелниот МВП, Никола Јокиќ реализираше 22 поени и 11 скока, но тој го заврши натпреварот во третиот период поради груб прекршок врз Камерон Пејн.

Милвоки максимално го искористи домашниот паркет и израмни против Бруклин на 2-2 во меѓусебната серија во источната конференција по синоќешната победа од 107-96. Јанис Адетокумпо постигна 34 поени и 12 скока за Бакс, додека Крис Мидлтон реализираше 19 поени. Нетс може да се во големи проблеми, бидејќи покрај Џејмс Харден, кој се повреди уште на првиот натпревар во серијата, синоќа тимот остана и без Кајри Ирвинг, кој играше само 17 минути поради повреда. Кевин Дурент постигна 28 поени и 13 скока.