Мега-пресврт Во Лос Анџелес: Феникс губеше 21 разлика, а си замина со победа (ВИДЕО)
Домаќините одлично го почнаа мечот, имаа +17 на крајот од првата четвртина (37-20), а највисоката предност изнесуваше 77-56 на почетокот од третиот период. Оттогаш почна големиот пад на Клиперс и мега-пресвртот на Феникс. Со серија од 33-12, до крајот на таа четвртина стигна до израмнување на 91-91, а во последните 12 минути ја презеде контролата над резултатот и на крајот славеше со 125-119.
Човек на одлука беше Девин Букер кој постигна 40 поени и го засени Џејмс Харден кој оствари трипл дабл со 25 поени, 13 асистенции и 10 скока.
За Феникс ова е четврта победа во новата сезона со што застана на третата позиција на табелата во Западната конференција, додека Лос Анџелес Клиперс е 11. со биланс 2/3.
РЕЗУЛТАТИ
Мемфис - Милвоки 122-99
Далас - Хјустон 102-108
Јута - Сан Антонио 88-106
ЛА Клиперс - Феникс 119-125