Лука има огромно срце - собрал 2,2 милиони долари за помош на детенце од Словенија (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше Далас маверикс до триумф против страшниот Лос Анџелес лејкерс и Леброн Џејмс со 114-100, а притоа младиот играч покажа дека има големо срце.

Дончиќ пред натпреварот против Лејкерс се сретна со малиот Крис од Словенија, кој боледува од ретка болест - спинална мускулна атрофија, а исто така собрал заедно со останатите Словенци над 2,2 милиони долари за негово лекување.