Луда ноќ за Томпсон - постигна 33 поени за 18 минути! (ВИДЕО)

Клеј Томпсон имаше извонредна партија со која го предводеше Голден стејт до победа над Феникс со 123-112, тој постигна 38 поени, а дури 33 од нив беа во првото полувреме.

Томпсон имаше свое шоу во првото полувреме какво што многу ретко се гледа. Во првиот дел играше 18 минути, а за тој период успеа да постигне дури 33 поени. Погоди осум тројки од 12 обиди. Во последните 25 години во НБА, со 30+ поени и осум погодени тројки во прво полувреме бил само Дамиен Лилард.

Покрај Томпсон, значаен придонес во победата на Голден стејт имаа Кари со 23 поени и Пул со 20. Најефикасен кај Феникс беше Букер со 32 поени, Ајтон постигна 27 и имаше 12 скокови.

Далас без Дончиќ и Ирвинг доживеа уште еден пораз, загуби на свој терен од Мемфис со 88-104. Во отсуство на главните ѕвезди на Далас, Харди беше најефикасен со 28 поени, Мемфис игра без суспендираниот Џа Морант, па Бејн со 23 поени беше главниот во нивниот состав.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит - Индијана 117-97, Атланта - Минесота 115-136, Далас - Мемфис 88-104, Мајами - Јута 119-115, Хјустон - Бостон 111-109, Голден стејт - Феникс 123-112, Сакраменто - Милвоки 124-133.