Лејкерс во прво конференциско финале по 10 години (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс се пласираа во финалето на Западната конференција во плеј-офот во НБА-лигата за прв пат по 2010 година, откако утринава го победија Хјсутон со  119-96.

Лејкерс можеби го загубија првиот натпревар во серијата, но потоа ги добија следните четири, исто како и во првата рунда против Портланд. Утринава Леброн Џејмс и дружината беа расположени за шутирање тројки и постигнаа вкупно 19, што за нив е тимски рекорд во историјата на плеј-офот. Победничкиот тим издоминира на овој натпревар од самиот почеток до крај, а највисоката предност од +30 ја имаше во последниот период.

Џејмс ги предводеше Лејкерс со 29 поени, 11 скока и 7 асистенции, Кајл Кузма имаше 17 поени, Маркиф Морис 16, а Ентони Дејвис го заврши натпреварот за него скромни 13 поени и 11 скока.

Кај Хјустон, Џејмс Харден имаше 30 поени, додека Расел Вестбрук имаше очајна вечер со само 10 поени и лош шут од игра 4/13.

Лејкерс во конференцискот финале го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Денвер, а резултатот е 3-2.