Леброн уште не заиграл сезонава, а Лејкерс сега останаа и без Дончиќ!

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ заработил повреда поради која ќе мора да паузира најмалку една недела.

Словенечкиот кошаркар се здобил со истегнување на прстот на левата рака, но и повреда на долниот дел од левата нога.

Така без Дончиќ Лејкерс ќе мора да бидат во натпреварите против Сакраменто, Портланд, Минесота и Мемфис. Дополнителен проблем за Леброн ќе биде отсуството на Леброн Џејмс кој поради повреда на грбот се уште не настапил оваа сезона.

Дончиќ во првите два натпревари постигна вкупно 92 поени и додаее уште 11.4 скока и 8.5 асистенции.

Фото: Los Angeles Lakers