Лејкерс се ослободуваат од Марк Гасол, кој сака да се врати во Шпанија

Марк Гасол ќе биде трејдуван од таборот на Лос Анџелес лејкерс. Центарот ќе се врати во својот поранешен тим Мемфис, но веднаш ќе побара раскин на договорот за да се врати во својата татковина Шпанија.

Лејкерс го испраќаат Гасол во Мемфис и плус ќе дадат пик од драфтот во 2024 година и одредена сума на пари за да ги добијат правата за Ванг Желин. Шпанецот и неговиот тим веќе работат на раскин на договорот со Гризлис, што ќе му овозможи на кошаркарот да се врати во Шпанија.

Постои голема можност Марк да се обедини со својот брат По Гасол во редовите на Барселона. 

Лејкерс со овој потег заштедуваат 10 милиони долари на плата во буџетот, а Гасол беше прекуброен, бидејќи летово тимот ги ангажираше ветераните Двајт Хауард и Деандре Џордан на центарската позиција.