Лејкерс ќе се засили со уште еден ветеран кој 10 години играше за Клиперс

Лос Анџелес Лејкерс во следната сезона ќе влезе со тим составен од ветерани. Тимот од Градот на ангелите создава екипа околу Леброн Џејмс, кој е предводник, а поголем дел од кошаркарите кои потпишаа веќе одамна го имаат прославено 30. роденден.

Меѓу нив најверојатно ќе се најде и 33-годишниот центар ДеАндре Џордан, кој од вчера не е член на Бруклин нетс.

Бруклин го испрати Џордан во Детроит, но искусниот центар веднаш потоа остана без договор и сега има намера да потпише едногодишна соработка со Лејкерс вредна 2,6 милиони долари.

Во минатото Џордан играше 10 сезони за Лос Анџелес клиперс, а настапуваше уште и за Далас, Њујорк и Бруклин. Во кариерата има просек од 9,4 поени и 10,6 скокови по меч.