Лејкерс е пред елиминација, Леброн и Дончиќ во финишот загубија во Минесота (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс водеше во најголемиот дел од мечот на гостувањето кај Минесота, но на крајот го загуби дуелот со 116-113 и има негатива од 3-1 во серијата.

Лејкерс пропуштија голема шанса да израмнат на 2-2, во последната четвртина влегоа со предност од десет поени разлика, но ги загубија.

Младиот тим на Минесота предводен од фантастичниот Едвардс одигра полесно, мотивирано и успеа да на крајот да слави трета победа во серијата.

Во завршните секунди од мечот, Минесота имаше 114-113, Лејкерс имаше напада за пресврт и победа, но ја загубија топката. Домаќините преку Едвардс погодија две слободни фрлања и дојдоа до победа од 116-113.

Најдобар на мечот беше Едвардс кој постигна дури 43 поени, Рендл реализираше 25. Кај Лејкерс, Дончиќ постигна 38 поени, Леброн реализираше 27, имаше и 12 скокови.

Следниот натпревар од серијата се игра во Лос Анџелес, Лејкерс веќе немаат право на грешка.

Резултати:

Детроит - Њујорк 93-94 (1-3)
Минесота - ЛА Лејкерс 116-113 (3-1)
Орландо - Бостон 98-107 (1-3)
Милвоки - Индијана 103-129 (1-3)