Лејкерс бара нова ѕвезда: На листата со желби се - Дерозан и Мело

Лос Анџелес Лејкерс сака следната сезона да доминира во НБА-лигата и повторно да го освои шампионскиот прстен, а за тоа им требаат нови засилувања.

Лејкерс пред неколку дена го ангажираше Расел Вестбрук и така најави нов напад на шампионскиот прстен, а американските медуми објавија дека поранешниот првак ќе се обиде да најде уште една ѕвезда.

Како главни кандидати се споменуваат Демар Дерозан, кој стана слободен кошаркар по завршување на соработката со неговиот тим.

Исто така, како можно засилување се споменува и Кармело Ентони, кој има одлични односи со Леброн Џејмс.