
Леброн одложи операција поради борбата за плејофот во НБА
Леброн се врати на паркетот во поразот од Чикаго булс и постигна само 19 поени, а по мечот разговараше со новинарите и кажа дека ја одложил операцијата.
„Ја скинав тетивата на десното стапало. Двајца доктори ми препорачаа да одам на операција, а тоа ќе значи крај на сезоната за мене. Сепак, јас не го прифатив тоа“, кажа Леброн.
Кошаркарите на Лејкерс со 37 победи и 38 порази во моментов се наоѓаат на 10. место во Западната конференција и ги чека тешка битка за пласман во плејофот.