
Леброн најави пензија: Не ми остана уште многу време!
Новинарите го прашаа „кралот“ дали планира да се пензионира, а тој кажа дека крајот е блиску, иако не знае кога точно ќе се повлече од кошарката.
„Уште колку долго ќе играме? Нема да биде уште долго. Блиску сум до крајот. Не знам кога ќе се пензионирам, но немам многу време“, кажа Леброн.