Леброн: Јокиќ ја гледа играта уште пред да се случи, тој е посебен!

Леброн Џејмс не се воздржуваше да зборува за извонредната игра на Никола Јокиќ, на прес-конференцијата по синоќешниот четврти натпревар од западното финале, кој Лејкерс го загубија со 111-113, за конечни 0-4 против Денвер.

Го прашаа Леброн, дали Никола Јокиќ со овие негови фантастични партии во пост-сезоната изненадил со нешто или докажал дека е нешто повеќе од што претходно мислеле за него.

„Ништо не ме изненади, јас знам колку одличен е Јокиќ. Има момци во оваа лига, кои играат на одреден начин, начин на кој и јас сакам да ја играм оваа игра, а тој е еден од нив. Кога чувате играч како него постојано сте надвор од баланс, поради неговата способност да погодува, да скока... Тој ја гледа играта уште пред да се случи, а нема многу такви кошаркари во нашата лига. Така што, знаевме дека ќе биде ѕвер штом ќе почне серијата. И не е само неговата игра, сите зборуваат за неговата статистика, но малку луѓе зборуваат за умствениот дел од неговата игра. Можеби затоа што повеќето не го разбираат тоа, но јас знам, тој е посебен“, одговори Џејмс.

Тој беше најефикасен во својот тим со 40 поени, а покрај десетте скока му недостигаше една асистенција за трипл-дабл.